Пронајди
05.06.2026
Сите новости
КАМ со 3адоволство го поддржа проектот МИО „МАЛИ ГОТВАЧИ — ГОЛЕМИ КУЛТУРИ", преку кој учениците од Битола имаа можност да учат за различни култури и традиции на еден интересен, пријатен и практичен начин.
Како поддршка на оваа иницијатива, дониравме производи кои беа дел од активностите и подготовка на рецептиrе, придонесувајќи учениците да се стекнат со нови искуства преку учење, дружење и тимска работа.
Благодарност до организаторите за можноста да бидеме дел од оваа прекрасна и позитивна приказна, која ги поттикнува младите со радост да ја развиваат својата креативност, да запознаваат нови култури и да градат пријателства nреку заеднички активности.
21.05.2026
Со големо задоволство повторно ја прифативме поканата за учество на настанот „Кариерен ден“ на Економски факултет – Скопје УКИМ, кој се одржа на 19 мај во аулата на факултетот.Настанот беше одлична можност за директна средба и разговор со студентите, размена на искуства и претставување на можностите за кариерен развој.Им благодариме на сите студенти кои го посетија нашиот штанд, покажаа интерес и споделија позитивна енергија и амбиција за својот професионален развој. КАМ продолжува да инвестира во младите таленти и да создава можности за нивен раст и развој.