Награди и признанија

 news

04.04.2025

Награди и признанија

КАМ МАРКЕТ – ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА БИЗНИС ЛИДЕР, ВО КАТЕГОРИЈА МАРКЕТИ – СПОРЕД ОСТВАРЕНИ ПРИХОДИ И БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ ЗА 2023!

На 16.10.2024, се одржа првото издание на гламурозната церемонија „Бизнис Лидер“, каде беа доделени престижни награди на најуспешните компании за 2023 година.  🏆 🎖

Наградите беа доделени врз основа на строго утврдени критериуми, а, лидерите на македонски компании од различни индустриски гранки беа наградени за исклучителни достигнувања во деловното работење и за придонесот кон економскиот раст на Македонија.  💯   🎯

Со гордост соопштуваме дека КАМ маркет е добитник на наградата „Бизнис Лидер“ во категоријата „Маркети“ – според оставрени приходи и број на вработени за 2023 година.  🙌 👏

Упатуваме голема благодарност до нашите потрошувачи – кои се главна причина за ова достигнување и успех!

Прочитај повеќе
 
 news

04.04.2025

Зборуваат за нас

🙌 КАМ повторно беше горд спонзор и на овогодинешното јубилејно издание на FMCG SUMMIT! 🎯💯

🙌  КАМ повторно беше горд спонзор и на овогодинешното јубилејно издание на FMCG SUMMIT!  🎯 💯

На настанот се споделија значајни искуства меѓу бизнисите од FMCG индустријата за најновите трендови, кои го обединуваат креативниот и иновативен потенцијал на самата индустрија.  🚀

Како компанија, веруваме дека само преку континуирано учење и соработка можеме да ја обликуваме иднината на FMCG пазарот и да придонесеме за повисоки стандарди и подобро купувачко искуство за потрошувачите.  🙌

Се радуваме на новите идеи, предизвици и инспирации кои беа споделени на овогодинешниот FMCG SUMMIT!

Дополнително, упатуваме искрени честитки на среќната добитничка која ја освои КАМ кошницата полна со познатите КАМ марка производи.  🤗

Прочитај повеќе
 
 news

04.04.2025

Награди и признанија

Осма година по ред КАМ е македонскиот бр. 1 префериран ланец на маркети одбран од потрошувачите

Според истражувањето кое го спроведе агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“ каде се вреднува само ставот на потрошувачите, КАМ доби најмногу гласови и се најде на првото место во главната категорија „Префериран ланец на маркети“. Дополнително, сите учесници во анкетата потенцирале дека во КАМ има највисока лојалност на купувачи, се добива најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет и воедно маркетите се со најдобра локациска покриеност.

„Инсајдер ИД“ посочуваат дека истражувањето “Преферирани ланци на маркети за 2024-та година” е користен репрезентативен примерок од повеќе од 1,300 активни потрошувачи.

Според резултатите, КАМ осум години ја држи позицијата како префериран маркет во кој потрошувачите пазарат. Во тековното истражување за 2023/24-та година приближно 72 отсто од потрошувачите го избрале KAM како место за пазарење. Всушност, забележливо е дека КАМ го одржува учеството во последните 4 години приближно на еднакво ниво, што посочува дека има континуитет и при големи турбуленции на пазарот.

– Со гордост ја добивме веста дека 8ма год по ред сме „Префериран ланец на маркети“, што е доказ за посветеноста на нашиот тим, нашата компанија и за вербата што нашите клиенти ја имаат во нас. Ова признание е резултат на континуираната посветеност за обезбедување квалитетни производи и услуги, како и за создавање долгорочни и стабилни партнерства. Нашата цел , но и обврска како лидер во индустријата е да ги разбереме и задоволиме потребите на нашите клиенти и да внесуваме иновации. Ние ќе продолжиме да инвестираме во нови технологии, да ја прошируваме нашата понуда и да се фокусираме на создавање вредност за нашите клиенти и партнери се со цел на континуирано подобрување на потрошувачкото искуство. Благодарни сме на довербата што ни ја покажуваат потрошувачите, и ова признание ни дава уште поголема мотивација за напредок.

Посветуваме големо внимание на градењето силни односи со нашите клиенти и партнери со континуирани инвестиции во нови технологии. Заедно со нашиот тим, постојано ја подобруваме понудата и услугите за да одговори на современите трендови и барања на пазарот.

Прочитај повеќе