КАМ е еден од најуспешните маркети на прехранбени производи во Македонија. Ова го потврдува и фактот дека КАМ во моментов поседува 86 маркети низ Македонија и што секоја година продожува трендот на експанзија. Со натамошниот развој на мрежата од маркети, целта ни е нашите продавници да им ги приближиме на нашите купувачи што е можно повеќе, и на тој начин да покажеме колку е КАМ навистина Ваш маркет во соседството.
.
Најголемиот логистички центар досега во Македонија, изграден по најсовремени стандарди на вкупна површина од 60.000м2. Објектот се наоѓа на само неколку километри од центарoт на Скопје, а се протега на простор од 16.000м2 и располага со капацитет од 6.800 палети за суви продукти, како и 2.500 палети за замрзнати производи, овошје, зеленчук и свежо месо. Оваа инвестиција вредна 12.000.000 евра овозможува брзина и ефикасност во работењето кои, придонесуваат за огромна заштеда во цената на производите која се пренесува на крајните потрошувачи.
Логистичкиот центар поседува сопствен оддел за Контрола на квалитетот кој врши дневни редовни контроли на артиклите на самиот влез со што гарантира свежина и квалитет на сите производи.Процесот на прием и чување на производите на посебни температурни режими, во соодветни комори како на пр. овошјето, зеленчукот, месото, чоколадите, млечните и длабоко замрзнатите производи подлежи на строги контроли.
КАМ маркет постојано е во потрага по земјиште, малопродажен простор и објекти за под наем и продажба ширум Македонија.
За да ги задоволиме очекувањата на нашите потрошувачи, планираме отворање на нови маркети во сите делови од Македонија. Заинтересирани за купување или закуп на простор или објект што ги исполнува следните барања: