КАМ донираше храна за кучињата згрижени во ЈП Лајка во вредност од над 200.000 денари!
Со оваа донација сакаме да подадеме рака таму каде што најмногу е потребно – обезбедивме квалитетна храна од брендот Alfie за кучињата згрижени во ЈП Лајка, за нивните денови да бидат побезбедни и поспокојни.
Веруваме дека вистинската човечност се гледа во малите, но искрени дела.
Токму затоа, со оваа поддршка сакаме да потсетиме дека секое суштество заслужува грижа, внимание и топлина.
Голема благодарност до тимот на ЈП Лајка – луѓе кои секојдневно вложуваат трпение, љубов и посветеност за да им дадат нова шанса на животните без дом.
Грижата е наш избор секој ден.