Според истражувањето кое го спроведе агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“ каде се вреднува само ставот на потрошувачите, КАМ доби најмногу гласови и се најде на првото место во главната категорија „Префериран ланец на маркети“. Дополнително, сите учесници во анкетата потенцирале дека во КАМ има највисока лојалност на купувачи, се добива најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет и воедно маркетите се со најдобра локациска покриеност.
„Инсајдер ИД“ посочуваат дека истражувањето “Преферирани ланци на маркети за 2024-та година” е користен репрезентативен примерок од повеќе од 1,300 активни потрошувачи.
Според резултатите, КАМ осум години ја држи позицијата како префериран маркет во кој потрошувачите пазарат. Во тековното истражување за 2023/24-та година приближно 72 отсто од потрошувачите го избрале KAM како место за пазарење. Всушност, забележливо е дека КАМ го одржува учеството во последните 4 години приближно на еднакво ниво, што посочува дека има континуитет и при големи турбуленции на пазарот.
– Со гордост ја добивме веста дека 8ма год по ред сме „Префериран ланец на маркети“, што е доказ за посветеноста на нашиот тим, нашата компанија и за вербата што нашите клиенти ја имаат во нас. Ова признание е резултат на континуираната посветеност за обезбедување квалитетни производи и услуги, како и за создавање долгорочни и стабилни партнерства. Нашата цел , но и обврска како лидер во индустријата е да ги разбереме и задоволиме потребите на нашите клиенти и да внесуваме иновации. Ние ќе продолжиме да инвестираме во нови технологии, да ја прошируваме нашата понуда и да се фокусираме на создавање вредност за нашите клиенти и партнери се со цел на континуирано подобрување на потрошувачкото искуство. Благодарни сме на довербата што ни ја покажуваат потрошувачите, и ова признание ни дава уште поголема мотивација за напредок.
Посветуваме големо внимание на градењето силни односи со нашите клиенти и партнери со континуирани инвестиции во нови технологии. Заедно со нашиот тим, постојано ја подобруваме понудата и услугите за да одговори на современите трендови и барања на пазарот.