Зборуваат за нас

 news

26.06.2025

Сите новости

КАМ ќе им исплати рекорден регрес од 46.000 ден. на своите вработени

Компанијата КАМ повторно го потврдува реномето на еден од најпосакуваните работодавци во земјава и во пресрет на летната сезона ќе им го исплати првиот дел од регресот за годишен одмор од 46.000 денари на сите вработени. Износот овој пат е речиси трипати повисок од законски утврдениот минимум, но оваа практика компанијата ја негува долго време и секоја следна година обезбедува поголема поддршка за својот тим составен од над 1400 луѓе. Регресот за 2025 е највисокиот досега и е признание за вложениот труд и лојалноста на вработените, а ќе биде исплатен во три дела – во текот на летниот период, во октомври и во декември.  

- Наша компаниска мисија е да создаваме средина во која луѓето ќе се чувствуваат ценети поддржани и мотивирани. Со исплатата на рекорден регрес и постојано унапредување на бенефициите, испраќаме јасна порака – дека вреднувањето на трудот и грижата за тимот остануваат во сржта на нашето работење. Веруваме дека задоволниот вработен е и најдобриот амбасадор на компанијата – велат од КАМ.

Според новите податоци достапни на „Бизнис Мрежа“, КАМ и во 2024 година ја задржува позицијата на работодавец со најмногу вработени помеѓу трговските синџири во Македонија и воедно е предводник по висината на просечната плата во истата категорија.

Компанијата ја доби и наградата за најпосакуван работодавач за 2024 во категоријата маркети која ја доделува vrabotuvanje.com.mk

Покрај финансискиот аспект, КАМ постојано ги надградува и бенефициите за своите вработени – меѓу кои се издвојува и попустот за одмор во хотелот „Вилиџ“ во Охрид, особено популарен во летниот период. Воедно, компанијата вложува во човечкиот капитал и со постојано зголемување на платите, подобрување на условите за работа и редовни обуки за професионален развој.

КАМ останува посветен на градење силна, стабилна и човечки ориентирана организација, каде што секој поединец е важен и препознаен.

Прочитај повеќе
 
 news

04.04.2025

Зборуваат за нас

КАМ со задоволство го поддржа настанот „Светски ден на правата на потрошувачите со ликовен конкурс

По повод 15. март – Светскиот ден на правата на потрошувачите, КАМ со задоволство го поддржа настанот „Светски ден на правата на потрошувачите со ликовен конкурс“ под мотото за 2025 година: „Праведна транзиција кон одржлив начин на живеење“, организиран од Бирото за развој на образование, како орган во состав на Министерството за образование и наука.
 
Уште од самите почетоци, КАМ посветено и континуирано ги едуцира потрошувачите и се стреми да нуди производи со висок квалитет по ниски цени, затоа што само информиран и едуциран потрошувач може да купува мудро, а тоа значи информирано, економично и со доверба. Токму од таа причина, со задоволство ја поддржавме оваа иницијатива, а како дел од поддршката, обезбедивме награди за победниците на ликовниот конкурс и нивните ментори-наставници.
 
Им упатуваме срдечни честитки на победниците, а КАМ како општествено одговорна компанија продолжува и понатаму да биде поддржувач и учесник во настани од ваков благороден карактер, со цел унапредување на квалитетот на образование и воспитание на младите генерации.

✅ Во рамки на редовните работни активности, успешно реализиравме обуки и посета на КАМ логистичкиот центар со регионални менаџери и раководни лица на маркетите. 📋
Со фокус на унапредување на работните процеси и надминување на предизвиците, ваквите обуки ни овозможуваат подобра координација и поефикасно секојдневно функционирање.
📦 КАМ логистичкиот центар, со своите 60.000 м², опремен со најсовремена технологија, е клучна точка за успешно снабдување и поддршка на нашите маркети низ целата држава.
💡 Продолжуваме заедно да се усовршуваме и градиме успешни приказни! 🚀

Прочитај повеќе
 
 news

04.04.2025

Зборуваат за нас

Министерот Бектеши во посета на Логистичкиот центар на КАМ маркет!

Прочитај повеќе
 
 news

04.04.2025

Зборуваат за нас

ЕБОР со кредит од шест милиони евра за поддршка на планот за развој на КАМ!

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потпиша кредит во износ од шест милиони евра со малопродажниот ланец на маркети КАМ во Северна Македонија во насока на, како што соопшти денеска ЕБОР, поддршка на зелената експанзија.

Подетални информации прочитајте на следниот линк.

Прочитај повеќе
 
no photo

04.04.2025

Зборуваат за нас

КАМ – Лидер помеѓу трговските синџири со најголеми приходи за 2023 година!

Со посветеност кон производи со висок квалитет по пристапни цени и задоволство на потрошувачите, КАМ повторно го зазема првото место на македонскиот пазар за малопродажба за изминатата година.

Подетални информации прочитајте на следниот линк.

Прочитај повеќе
 
no photo

04.04.2025

Зборуваат за нас

ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КАМ МАРКЕТ И РЕГРЕС ОД 41.000 ДЕНАРИ! 📈 💵🤝

Oд мај годинава, KAM ја зголеми платата на вработените во маркетите во просек за 22 отсто, а регресот за 2024 го зголеми за 10 отсто во споредба со минатата година, односно годинава изнесува 41.000 денари.
Со конкурентни плати и бројни бенефиции, КАМ креира позитивна работна атмосфера, задоволен и продуктивен тим. 🤝
Повеќе информации за дополнителните бенефиции на вработените во КАМ, прочитајте на линкот.
Прочитај повеќе
 
 news

04.04.2025

Зборуваат за нас

КАМ маркет осум години ја држи позицијата како префериран маркет во кој потрошувачите пазарат

🥇Осма година по ред КАМ е број 1 префериран ланец на маркети во Македонија за 2024 година според потрошувачите, покажаа истражувањата спроведени од Инсајдер ИД 🚀
Приближно 72% од потрошувачите го избрале КАМ маркет како место за пазарење! 🙌
Освен како најпрефериран ланец на маркети, КАМ зазема прво место и во поткатегориите:
✅ НАЈВИСОКА ЛОЈАЛНОСТ на потрошувачи
✅ Најдобар сооднос ЦЕНА-КВАЛИТЕТ
✅ Најдобра ЛОКАЦИСКА ПОКРИЕНОСТ
Подетални информации прочитајте на: https://insider.mk/istrazuvanja/preferred2024/
Прочитај повеќе
 
no photo

04.04.2025

Зборуваат за нас

КАМ-Македонскиот бр.1 осма година по ред префериран ланец на маркети одбран од потрошувачите

Според истражувањето кое го спроведе агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“ каде се вреднува само ставот на потрошувачите, компанијата КАМ доби најмногу гласови и се најде на првото место во главната категорија „Префериран ланец на маркети“. Дополнително, сите што учествуваа во анкетата потенцираа дека тука има највисока лојалност на купувачи, се добива најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет и воедно маркетите се со најдобра локациска покриеност.

Прочитајте повеќе на faktor.mk

Прочитај повеќе