Јајца на пармезански тост

Појадоци

  • 1 лице
  • 10 минути

Начин на подготовка:

Парчињата леб ги пржиме во тава на претходно растопен путер, пржиме додека не добијат златно-кафеава боја. Ги посипуваме со пармезан,и ги оставаме во загреана тава додека да се растопи пармезанот.

Во друго тавче,ги пржиме јајцата по желба и ги додаваме врз лепчињата. Декорираме со домат и свеж босилок.

Состојки:

  • 2 парчиња интегрален леб
  • 2 јајца
  • рендан пармезан
  • 1 домат (исечкан на мали коцки)
  • свеж босилек
  • сол и бибер