Овесни палачинки

Појадоци

  • 1 лице
  • 15 минути

Начин на подготовка:

Во сад ја пасираме бананата,врз неа ги додаваме бадемовото млеко и јајцето. Откако убаво ќе ги соединиме,се додаваат овесот,прашокот за пециво и шеќерот од урма. На тава ставаме малку маслиново масло да се загрее,откако ќе се загрее – ставаме од смесата и оформуваме мали палачинки.

Ги сервираме на чинија,и ги декорираме со аронија и мед. На здравје!

Состојки:

  • 100 мл Бадемово млеко BERIEF
  • 50 г Овес
  • 1 лажица Шеќер од урма OMA
  • Пола банана
  • Пола лажиче прашак за пециво
  • 1 јајце
  • Аронија SUNNY FANTASY
  • Мед